| За нас |
|
ЏОРДАНО ДООЕЛ од Охрид е компанија посветена на крерирање, создавање дизајн, начини и форми на рекламирање и презентирање на компаниите и клиентите со 10 годишна традиција и развој.
Седиште на компанијата е на ул. Ванчо Питошевски бр. 4 во Охрид од самото нејзино создавање во 1999 год. Компанијата во периодот од овие 10 год. Се покажа како компанија со исклучително успешно работење со што прерасна во компанија со свои производствени погони во Охрид и Ресен, претставништво во Скопје и сопствена дистрибуција и сервис. Џордано се занимава со графичка дејност, дизајн и изработка на веб страници, идејни решенија за ваше лого, реклами и рекламен материјал од секаков вид. Поконкретно: светлечки реклами, билборди, mega light, дигитално печатење, цела палета на плексиглас држачи, ласерско гравирање, изработка на печати, сувенири од дрво, плексиглас и сл. Џордано вработува тим од 29 луѓе со знаења од областа на маркетингот, рекламирањето и подготвување, изработка и реализација на истото. Тимот се состои од веб дизајнери, графички дизајнери, инжинер техннолог, машински инжинер, електротехничари, заварувачи, монтери, маркетинг агенти. Со функционирање на тимот како целина во овие 10 години работата ја усовршуваме, збогатена со нови технологии и висок квалитет. Досегашниот успех се сведува на брза, квалитетна и професионална работа и воедно вложување во рекламни кампани и спонзорствово повеќе проекти. Како и досега Џордано дооел се стреми да остане професионална компанија која обезбедува квалитетен графички дизајн, печатење, маркетинг услуги, консултации за лого и брендирање, веб дизајн. Тука сме да ги освежиме клиентите со нови и креативни идеи кои ќе ги реализираме во најкраток можен рок. Нашето целокупно работење на графички дизајн во постојана соработка со Вас, претставува совршен рецепт за создавање професионален, сигурен и ефектен производ. Визуелно рекламирање го зголемува впечатокот на ѕбаво и представува важен сегмент на секој идентитет. Видиме како нашите клиенти успеваат на интернет, па внимателно ја истражуваме вашата конкуренција, како би биле сигурни да дизајнот на вашиот веб сајт е конкурентен и да е тоа она што ќе пронајде потенцијални купци кои бараат услуги и производи преку пребарувачи. |
За нас